Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска на средби со жителите на Дојран и Богданци, ги повика граѓаните во недела на 21 април со својот глас за бројот 3 да одлучат за сигурна иднина и да изберат напредок за европска држава.
Со гласот за Гордана Силјановска може да се вратиме само назад, во времето груевизмот и да се продолжат штетните политики на Иванов, додаде тој.
-Ајде да излеземе масовно на гласање во недела и да избереме напредок. Заедно да победиме, заедно да одиме напред. Да го исполниме заветот на борците, пред чиј споменик стоиме и кои ни дадоа аманет-Ние се втемеливме, вие градите. Во изминативе речиси две години сите сме сведоци на еден целосно нов пристап во односите со соседите, кој ги решава најтешките проблемите, и ги отвора портите на Северна Македонија кон напредок, сигурна иднина и светот, рече Пендаровски.