Пендаровски со честитка за 23. Мај – Националниот ден на Власите

by Fokus

По повод 23. Мај – Националниот ден на Власите, македонскиот претседател Стево Пендаровски упати честитка до припадниците на влашката заедница во земјава.

„На овој ден во 1905 година бил издаден декрет со којшто во рамките на Отоманската Империја била призната реалноста дека Власите се посебен народ со свој јазик, своја култура и со свој идентитет. Со тоа се отвори ново поглавје во долгата и богата историја на влашкиот народ, што сведочи и за големиот придонес на Власите во борбата за слободна и независна македонска држава. Денес, припадниците на влашката заедница во Северна Македонија го остваруваат правото на граѓанско и на политичко организирање, уживајќи ги сите права како и другите етнички заедници. Власите активно придонесуваат во општествените текови и во сите сегменти на секојдневното живеење“ се вели во честитката од Пендаровски.

Претседателот истакна дека е обврска на државата да продолжи да го чува, развива и промовира етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.

„Нека е честит 23. Мај – Националниот ден на Власите“ – порача Пендаровски.

Поврзани новости