Денвер Нагетс првпат во големото НБА финале!

by Fokus

Кошаркарскиот тим Денвер Нагетс првпат во клупската историја ќе игра за шампионската титула во НБА-лигата. Нагетси го затворија финалето во Западната конференција со максимални 4-0 против тимот на ЛА Лејкерс предводен од Леброн Џејмс.

Последната победа која донесе пласман во големото финале Нагетс ја извојуваа синоќа, со 113-111.

Денвер на крилата на српскиот ас Никола Јокиќ направи целосен пресврт и првпат во клупското постоење ја освои конференциската титула.

Јокиќ имаше ефект од 30 поени, 14 скока и 13 асистенции. Му помогнаа Џамал Мареј со 25 поени и Арон Гордон со 22.

Кај Лејкерси Леброн Џејмс дојде до 40 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Во големото финале Денвер го чека подобриот од дуелот Мајами – Бостон. Мајами води со 3-0 во серијата прв до четири победи.

Поврзани новости