526
Власта го знаела секој мој чекор за време на претседателската кампања, бидејќи ме следела цели четири години надвор од законските прописи, изјави опозицискиот кандидат за претседател на последните избори, Стево Пендаровски.
– Јас сум конкретно прислушуван од февруари 2011-та година, а тоа значи три години пред претседателските избори. Тоа е најава за тоа што ќе следи во наредниот период и го најавуваме како здружена опозиција да видите какви беа во суштина изборите и зошто беа изборните резултати такви. На крајот тоа е индикација само дека ќе имаме и други работи на таа теза – рече Пендаровски.
Според него, власта засега нема капацитет да влезе во преговори со опозицијата.