Груевски: Заев секојдневно ги менува ставовите

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се обидува да пушти што е можно повеќе кривични пријави за да испрати порака до јавноста за да стави знак на равенство дека сите имаме кривични пријави, истакна премиерот Никола Груевски откако опозицијата ја прошири кривичната пријава против власта за прослушувањето.

– Како што тргнал, нема да ме изненади и наскоро да каже дека се шегувал, дека јас и Сашо Мијалков сме снимале, како што тврдел тој. Секојдневно ги менува изјавите, секојдневно ревитализира работи што претходно ги кажал, едноставно нема стабилност во она со кое што настапува – рече Груевски.

Поврзани новости