Пендаровски: Следниот месец очекувам ратификација во шпанскиот Парламен

by fokus

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски очекува дека ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО во шпанскиот Парламент ќе биде завршена следниот месец.

Пендаровски, кој се наоѓа во официјална посета на Полска, истакна дека „ако се оди според планот кога станува збор за политичките текови, околу 10 март би требало тој процес да биде заокружен. Ќе останат само неколку технички детали кои треба да ги заврши Собранието во Скопје“.

Шпанија е последна земја членка на НАТО која треба да го ратификува Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, по што Скопје и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на Алијансата.

Поврзани новости