Актуелниот претседател на Македонија ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април, зад него е професорката Силјановска Давкова, па следуваат уште 5 кандидати за позицијата – шеф на државата.
Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување што се случи на седница на Државната изборна комисија во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите.
Како што изјави претседателот на ДИК – Александар Даштевски, по спроведеното ждребување редоследот на кандидатите за претседатели на листата ќе биде објавен во „Службен весник“.
Гласачкото ливче ќе изгледа вака:
1. Стево Пендаровски
2. Гордана Силјановска Давкова
3. Стевчо Јакимовски
4. Бујар Османи
5. Билјана Ванковска
6. Арбен Таравари
7. Максим Димитриевски
Претседателските избори ќе се одржат на 24 април оваа година, а вториот круг ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните избори.
На 4 април на полноќ ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.