Претседателот Стево Пендаровски се заблагодари за континуираната и принципиелна поддршка на Чешка за пристапниот процес на нашата држава во ЕУ и изрази очекување таа да продолжи и во иднина. Ова тој го истакна на средбата со премиерот на Чешка Петр Фиала во Прага, каде е во официјална посета.
Од кабинетот на претседателот информираа дека насредбата се разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, што во изминатите три децении се карактеризираат со широка соработка во повеќе сфери од заемен интерес.
„Претседателот ја посочи Чешката Република како важен партнер во НАТО, ОН и ОБСЕ, и ја нагласи заложбата од македонска страна за натамошно јакнeње на односите со Чешката Република, како на билатерално и мултилатерално ниво, така и во доменот на економската соработка“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.
На средбата беа размемети мислења за севкупните состојби во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.