Пендаровски треба да се соочи со фактот дека над 80 проценти од народот е против уставни измени под бугарски диктат, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на шефот на државата, кој во вечерашното гостување на во Дневникот на Сител рече дека опозициската партија денеска во Собранието го загрозила европскиот пат на земјата.
Пендаровски: Аман со Бугарите веќе, сега требаше да зборуваме за реформи
„Наместо да се тресе од нервоза и да лаже по интервјуа, Пендаровски треба да се соочи со фактот дека над 80 отсто од народот е против уставни измени под бугарски диктат. Народот не го плаќа да глуми ароганција, туку да ги штити националните и државните интереси. Да беше кадарен немаше да дозволи Македонија да влезе во замката на Бугарија во која или бесконечно ќе преговараме или асимилација“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат оти ја разбираат реториката на претседателот на државата, која, како што наведуваат, се должи на неговите обиди да им се додвори на СДСМ и на ДУИ повторно да го кандидираат за претседател.