Пендаровски се сретна со координаторот за антикорупција на Стејт департментот

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Ричард Нефју, глобален координатор за антикорупција на американскиот Стејт департмент.

На средбата се разговарало за актуелни теми врзани со борбата против корупцијата и напорите на државата за воспоставување на ефикасен систем за превенција на корупцијата и судирот на интереси.

Пендаровски истакнал дека борбата против криминалот и корупцијата, на секое ниво, вклучувајќи ја високата корупција, е од исклучително значење во напорите за градење на правната држава и за стекнување на доверба на граѓаните во институциите.

-Претседателот Пендаровски посочи на подготвеноста на државатаво согласност со националните приоритети, да ја продолжи соработката со САД во напорите за сузбивање на корупцијата, а во функција на унапредување на демократските процеси во државата преку овозможување на добро управување и владеење на правото.  Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката и помошта што ја добива од САД во нејзините напори за подобрување во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата и изрази очекување таа да продолжи преку поддршка во градењето на капацитети, информираа од Кабинетот на претседателот.

Поврзани новости