822
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето во ТВ 24 даде своја генерална оценка за денешната посета на бугарскиот премиер Кирил Петков во земјава.
„Ќе речам дека Петков е технократ. На заминување од кај мене му реков дека само Зоран Заев е поголем оптимист од него. Сепак, мислам дека не треба да избрзуваме, затоа што станува збор за едно сензитивно прашање. Не треба да очекуваме резултати преку ноќ. Јазот помеѓу двата народи е огромен“, истакна Пендаровски.