454
Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, негира дека добил покана за интервју од „Другата страна на политиката“, фејсбук страна која сними интервју само со Гордана Силјановска и Блерим Река, каде тие кратко одговараат на прашања за нивните лични интереси.
„Не е точно дека сум добил покана за вакво снимање 🙂 Но разбирам ако Силјановска сакала да си сними сама видео со Река. Она што е сепак загрижувачко е бегање од дебатата на Телма за која нема уште објаснување“, напиша Пендаровски на својот твитер акаунт.
Фејсбук страната која го објави интервјуто, напиша дека Пендаровски не одговорил на нивната покана.