Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Клан рече дека Македонија била заборавена од производителите на вакцини, бидејќи е мал пазар.
-Јас сум првиот кој кажа дека не смееме да бидеме последни кои ќе ја примат вакцината против Ковид 19. Во Србија има претставништво Фајзер и затоа вакцинацијата тече. За жал Западниот Балкан е исклучок од вакцинацијата. Ние бевме практично заборавени пред се од големите фармацевтски компании, на кои им е битен профитот. Во нашите преговори со Фајзер и АстраЗенека прво прашање кое беше поставено од нивна страна е колкав број на жители сме и дека сега во моментов нивен интерес се големите пазари. Ние не сме единствените каде не е започната вакцинацијата Босна, Албанија, Црна Гора, вели Пендаровски