НСОН обвинува за политички притисок врз нивни членови

by fokus

Потпретседателот на Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) Енвер Ајдини реагира дека директори во училишта од, како што вели, политички позиции вршат притисок врз нивни колеги да се отчленат од овој синдикат.

– Истовремено делите пристапници за синдикатот на кој со години плукавте, со укажување дека ние, вистински независните сме опасност за образованието. Ние што со години даваме сè од себе за да ги оттргнеме наставниците и образованието од прангите на политичките партии, пишува во реакцијата на потпретседателот на НСОН.

Во отворено писмо Ајдини, кој беше дел и од Наставничкиот пленум во 2015 година, ги потсетува дека пред шест години заедно се спротивставиле на експерименти во образованието, раслојување и неправедно вреднување на трудот.

Вели дека со функциите ја изгубиле критичката мисла и в рака зеле различен аршин од тој со кој мереле заедно во 2015 кога, како што пишува во реакцијата, биле обединети околу идејата за достоинствен и функционален труд на просветните работници, за образование по мерка на децата и иднината.

Поврзани новости