50
Се огласи и претседателот Стево Пендаровски за пожарот во Универзална сала. Повика на итна истрага за причините за пожарот и санкционирање на одговорните.
„Универзална сала мора повторно да се издигне и да биде еден од најубавите симболи на Скопје и скопјани. За ова ќе се заложам уште во првите денови од мандатот.
Надлежните институции да спроведат детална истрага и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на Универзалната сала!“ напиша Пендаровски.