Пендаровски: Ова е поинаков Велигден, празникот го минуваме дома

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод Велигден, порачувајќи празникот да донесе мир, хармонија и радост.

ваа порака вообичаено ќе ви ја упатев по редовната служба по повод празникот на која традиционално присуствуваат голем број граѓани кои потоа се подготвуваат за заедничките мигови со своите семејства и своите најблиски. Но, оваа година имаме поинаков Велигден. Поради глобалната криза предизвикана од пандемијата со која сите се соочуваме, годинава сме под товарот на заканата од коронавирусот и празникот го дочекуваме во нашите домови, во различна атмосфера и со поинакви навики и однесување – вели претседателот Пендаровски.

Тој посочува дека дел од граѓаните се во првите редови во справување со кризата, со што, според него, ни овозможуваат на повеќето од нас да останеме дома и да ги сочуваме нашето здравје и нашите животи.

-Посакувам Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот, а преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу насНека е за многу години големиот празник, Христос воскресна – стои во честиката.

Поврзани новости