Пендаровски: Николоски не треба да биде предмет на интерес на медиумите за јавноста да се заштити од неговиот уличен вокабулар

by fokus

Политичари како потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, не треба да бидат во медиумскиот интерес за да се заштити јавноста од нивниот уличен вокабулар, му одговори претседателот Стево Пендаровски на Николоски кој во интервју за „Фокус“ го нарече „класична алапача и оговарач“.

-Претседателот Пендаровски смета дека политичари без интегритет, кои редовно шират лажни вести, не треба да бидат предмет на медиумски интерес со цел да се заштити јавноста од нивниот уличен вокабулар. Александар Николоски е правосилно осуден од страна на македонските правосудни органи за дело клевета, а веќе претходно имаше и наводи во јавноста дека Обвинителството отворило и водело предистражна постапка под сомнение за извршено кривично дело злоупотреба. Овие информации доволно говорат за кредибилитетот и личниот интегритет на тоа лице, велат од Кабинетот во одговорот до „360 степени“ од каде побараа негова реакција.

Николоски жестоко го критикуваше Пендаровски во однос на спроведување политики, но и за неговиот карактер.

 

Поврзани новости