Јас и сега тврдам и во наредните години, независно од која позиција ќе бидам, немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја. Моја стара теза е дека кога зборуваме за европски интеграции, не смее да се концентираме за историјата рече Претседателот Стево Пендаровски во Топ тема на Телма.
-За жал, од 2019 година Софија ја претвори таа тема како предуслов за напредување. Мене ми е драго што во преговарачката рамка, историјта се споменува само во делот на билатерален договор и Комисијата на историчари. За историски теми немам намера да го трошам патот и да патувам во Софија и да разговараме со Румен Радев за окупатори или администратори, вели Пендаровски кој смета дека реториката меѓу Северна Македонија и Бугарија сега е смирена, бидејќи нашата земја ја прифати преговарачката рамка.
Тој додава дека не добил мандат во 2019 година, за да ја враќам мојата држава и народ во 19-ти век и да зборувам за Цар Самоил во 10-ти или 11-ти век, додаде претседателот.