Пендаровски: Не можеме ништо со Грција без поддршка од меѓународните фактори

by fokus

Стево Пендаровски во вечерашната претседателска дебата нагласи дека се согласува со задолжителното меѓународно право кое го спомена Сиљановска, но напомена дека без поддршка од меѓународните фактори земјава не можела да дојде дури ни до некакво изедначување на преговарачките позиции.

-Од се ова теоретски е така , но практично да ве прашам, повторно ќе одиме пред Меѓународниот суд за правда и така ќе се обидеме да го оспориме Преспанскиот договор. 2008 тужевме, 2011 добивме кристално јасна правна пресуда во наша корист, што во политичка смисла направивме за тоа. И додека вие преку тие агенции за протокол на ОН и повторно преку меѓународниот суд за правда се обидувате да донесете подобар договор со Грција, што ќе правиме во меѓувреме нема да бидеме членка на НАТО, мислам дека е многу ризично дека и во оваа позиција тоа да го кажуваме, рече Пендаровски и додаде дека земјава за Договорот ја доби поддршката од светските сили, светските лидери.

Силјановска одговори дека нејзе како припадник на академската фела токму во сферата на уставното право и доликува да се повикува на задолжителното меѓународно право, кое, како што рече ако се предочи во правна процедура ќе биде разбирливо и за Трамп и за Меркел. Истакна дека е свесна дека меѓународниот поредок е заснован на сила, а не на правда, но денес сите во Европа зборуваат за потребата од јуридизација на политика.

Поврзани новости