975
Запрашан за мандатарот за премиер на Македонија, претседателот на државата, Стево Пендаровски порача дека мора да добие официјално име и презиме од партиите за да одлучи за таквата позиција.
„Не можам мандатот да го дадам на економот на „Бихаќка“. Треба да ми кажат на кој треба да го дадам мандатот. Ќе побарам потписи, видувања еден со друг. Ми треба име и презиме за кандидатот за премиер. Тоа ќе се случи во текот на следната седмица“, истакна Пендаровски во „Само интервју“ на Канал 5.