Пендаровски: Народот не смее да ѝ да даде шанса на другата политичка опција

by fokus

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна со граѓаните од полошко – тетовскиот регион, односно со жителите на Желино, Јегуновце и на Теарце.

Говорејќи за нашето општество коешто е составено од различни етнички заедници, Пендаровски истакна дека покрај интеграцијата во Европската Унија, за државата е клучно е да има и стабилни меѓуетнички односи.

Како претседател рече тој, ја движев Северна Македонија кон ЕУ и бев претседател на сите граѓани. Барајќи ја поддршката од граѓаните за втор мандат Пендаровски подвлече дека сега Македонија е земја во која живеат еднакви и рамноправни граѓани.

Одговарајќи на прашањата од присутните, а во однос на инклузијата на Албанците во општеството, Пендаровски посочи дека досега ниту еден претседател пред него не поставил етнички Албанци на раководни места во државата.

-Порано не можело да се мисли, вие повозрасните паметите како било порано, не пред 100 години, како било пред 20 години. Албанец тешко станувал генерал во Армија, јас промовирав етнички Албанец за генерал. Во македонската армија има најголема воена единица од сите сили – се вика прва пешадиска бригада, командант е Албанец. Во Агенцијата за разузнавање пред десет или 15 години Албанците само го уредувале дворот. Во мое време, во овие пет години, јас таму поставив директор Албанец. Секој претседател, во секоја држава има три, четири главни советника за неколку важни работи. Најважен советник е, со сета почит кон другите, советникот за безбедност. Мојот советник за безбедност е Албанец. Никогаш порано не било така кај ниеден претседател. Во Армијата, како и во полицијата има специјални единици Волци, најподготвените од сите. Додека не станав јас претседател немаше ниту еден Албанец во таа единица. Денес има повеќе“, потенцираше Пендаровски.

Пред присутните Пендаровски се осврна и на придобивките од нашето членство во НАТО, како и на фактот дека за неколку години државата ќе беше членка на ЕУ, доколку ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа бугарската блокада. Затоа, како што нагласи Пендаровски, народот не смее да и да даде шанса на другата политичка опција, бидејќи со неа Македонија ќе стагнира и ќе донесе неизвесна иднина за сите нас. Тој ги повика жителите на Желино, Јегуновце и на Теарце на 24 април без двоумење да ја одберат опцијата 1, опција која мисли и која работи за иднината на државата.

Поврзани новости