414
Носителот на пратеничка листа во првата изборна единица, Стево Пендаровски, порача дека последните анкети говорат оти опозицијата на пертстојните избори ќе освои близу 50 мандати.
-Во првата изборна единица си поставивме цел над 100.000 гласови и во овој момент сме над 90.000 гласови. Ние одиме со двоцифрена бројка на мандати, а тоа ги отвора портите за победа во целата земја. Првата изборна единица мора да има голем број на мандати, голема разлика во мандати, за да компензираме за криминалите што ќе ги прават во Источна Македонија – рече Пендаровски.