607
Стотици симпатизери и членови на СДСМ слават победа пред Владата на Република Македонија. Предмалку, тука пристигна Стево Пендаровски, носителот на листата во првата изборна единица, кој буквално толпата на раце го донесе пред Владата.
Тој рече дека со над 96 проценти обработени податоци од гласањето тие се сигурни во нивната победа.
-Јасно е се. Нема зошто да чекаме. Диктатурата вечерва паѓа и затоа сме тука собрани – рече Пендаровски.
Во моментов пред Владата се мести бина и се очекува пред насобраните граѓани да се обрати и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Од друга страна пак, Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие ги победиле СДСМ со 20,000 гласови. Се очекуваат комплетните резултати од Државната изборна комисија.
Фото: НоваТв