Според СДСМ резултатот во пратеници е 51:51

by fokus 00:28
00:28

Според партиските податоци на СДСМ, во моментов тие и ВМРО-ДПМНЕ имаат освоено ист број мандати, 51.

Во Изборната единица 1 СДСМ освоил 10 места, ВМРО-ДПМНЕ 8, Беса 1, а ДУИ 1 едно место. Во Изборната единица 2 СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по 9 места, а ДУИ и Беса по едно. Во третата Изборна единица ВМРО-ДПМНЕ доби 11 места, а СДСМ 10, во четвртата Изборна единица битката е изедначена, и двете коалиции имаат по десет пратенички мандати.

- Advertisements -

Во петтата Изборна единица СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат по четири места, Алијансата за Албанците 1 и ДУИ едно место. И во шестата Изборна единица, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изедначени со по 4 места, ДУИ 5, Беса 5, ДПА 2 и Алијансата за Албанците 2 места.

 

Поврзани новости