379
Претседателот Стево Пендаровски, на 3 јуни 2023 година, сабота, во Анкара ќе присуствува на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
По церемонијата на стапување на должност, предвидено е присуство на свечена вечера во замокот Чанкаја која ја приредува домаќинот за шефовите на држави и влади и другите високи гости кои ќе бидат присутни на инаугурацијата во Анкара.
Турскиот лидер, освои уште пет години на чело на неговата земја на изборите во мај.
Тој владее со Турција од 2003 година, прво како премиер, а потоа како претседател.