Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на Обединетите Нации, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на ОН со Орден на Република Северна Македонија.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски му го врачил одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје.
Пендаровски остварил и средба со Гутереш на која било разговарано за сите активности на земјава во раки на ОН, како и за улогата на оваа организација во справувањето со глобалните предизвици, се додава во соопштението од Кабинетот на претседателот.
Претседателот се заблагодарил и за посветеноста на ОН во нашата земја и изразил очекување и надеж соработката во иднина да продолжи со зголемен интензитет.
Според соопштението од Кабинетот на Пендаровски, за време на средбата со Гутереш нагласил и дека континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори за развој на македонското општество.