Пендаровски: Ме изненади новиот концепт за образование, добро е што тоа е само предлог

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 не даде поддршка на новиот предлог концепт за основно образование. Тој вели дека се изненадил од тоа што го слушнал и додава дека промените мора да се прават темелно и бавно.

-Мене ме изненади тоа што го слушав. Малце ме смири тоа дека концептот е само предлог. Образованието треба да се трансформира, но промените се прават бавно. Само голото копирање, нека е фински модел, ќе биде криво насадено. Мора да помине време, стурчната јавност мора да се вклучи. Да не одиме преку трупа, како што викаат старите. Образованието е најбитниот сегмент на државата. Ние денеска немаме образование како што треба да имаме. Многу малку ги учиме да решаваат проблеми. Но, тоа мора да биде направено темелно, смета Пендаровски.

Поврзани новости