Пендаровски: Ако соседите добиваат вакцини уште сега, недозволиво е ние да чекаме до март

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на Канал 5 предупреди дека Македонија не смее да си дозволи да ја добие вакцината за корона вирус дури во март, во ситуација кога Србија веќе во понеделник ќе ги добие првите 5.000 дози.

-Моите информации велат дека е точно дека Србија во понеделник ќе добие 5.000 дози од вакцината на Фајзер. Недозволиво е ние да чекаме до март за вакцината, ако другите околу нас добиваат претходно. Мораме да се снаоѓаме, од други земји членки, да потпишуваме договори. Ако соседите добиваат вакцини уште сега, ние не смееме да чекаме до март, вели Пендаровски.

Поврзани новости