Со српскиот претседател Александар Вучиќ заклучивме дека имаме одлични односи без болни точки, но наша должност е да создаваме позитивна атмосфера и да отвораме перспективи, изјави македонскиот претседател Стево Пендаровски на заедничката конференција со Вучиќ во Белград. Тој порача дека не постои друга оддржлива алтерантива освен членство во ЕУ кое, според него, претставува единствена гаранција за стабилност и просперитет и овозможува демократска трансформација.
-Решението на косовското прашање е работа меѓу Белград и Приштина и тоа мора да ја има во предвид безбедноста во регионот и да не задира во суверенитетот на другите држави. Мини Шенген е добра иницијатива, но мора да се менува со текот на времето и да ги вклучи и Косово, но и Босна и Црна Гора, бидејќи регионалната соработка е предуслов за европска интеграција. Освен тоа, колку поголем пазар толку подобро – рече Пендаровски.