Пендаровски-Кодели: Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги започнат преговорите со ЕУ

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Парламентот на Албанија, предводена од Мими Кодели, пратеничка и претседателка на Комисијата за надворешна политика. Пендаровски и Кодели се согласиле дека двете држави заслужуваат да почнат преговори со ЕУ, што позитивно ќе се одрази и на регионот.

– На средбата претседателот Пендаровски посочи дека нашата држава има јасна определба за продолжување на меѓусебната соработка со Албанија преку отворен и конструктивен политички дијалог, како најприфатлив можен начин за градење добрососедски односи и просперитетна иднина. Во тој контекст, ја нагласи важноста од продолжување на динамичната соработка меѓу парламентите на двете држави, информираат од Кабинетот на Претседателот.

Покрај ова, биле разменети мислења и информации за европските интеграции, како и за последниот развој на настаните по одржувањето на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија.

– Соговорниците се согласија дека и Северна Македонија и Албанија заслужуваат неодложно да ги започнат преговорите со Европската Унија, при што оценија дека тоа ќе се одрази позитивно врз целиот регион и е геостратешка инвестиција во стабилна и просперитетна Унија, соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.

Поврзани новости