Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски  денес ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема: Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите.

Обраќањето на претседателот Пендаровски е предвидено на сесијата што започнува во 15:00 часот по македонско време.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на која претседателот Пендаровски ќе ја одликува Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија и ќе му го врачи одликувањето на генералниот секретар Гутереш.

Организацијата на Обединетите нации се одликува со Орден на Република Северна Македонија за големата помош и поддршка при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на Градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.

Со денешните активности претседателот Пендаровски го завршува учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации.

 

Поврзани новости