Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски смета дека изјавата на преговарачот Васко Наумовски пред неколку дена во Њујорк, со што пред Владата даде оценка дека предлогот на медијаторот Метју Нимиц е под секое достоинствено решение, е изјава на партиски војник, акт без преседан и директно плукање во лицето на оние кои му ја дале довербата на човек кој работи веројатно под инструкции на некои други центри на моќ во нашата држава.
-Тоа е изјава на партиски војник, кој е ставен на таа функција од претходниот режим и е директно негирање на добрата волја на премиерот и на новата Влада да го остават на таа позиција заради некаква претпостравена инклузивноста на процесот. Значи, се работи за потег без преседан, од на времето, сега покојниот Вања Тошевски, до денес. Сите преговатачи, еве 20 години е жив тој преговарачки процес, никогаш, ама никогаш државен службеник кој добива инструкции кои треба да го пренесе и да каже што му е кажано, никогаш не настапил во јавноста без одобрение од владата и на првите луѓе кои се инволвирани во процесот, вели Пендаровски, во интервјуто за емисијата 360 степени на Алсат М.
Во врска со недодамнешната изјава од високи владини функционери, кои изразија доверба во Наумовски, Пендаровски смета дека се работи за злоупотреба на добрата волја на премиерот и министерот за надворешни работи кои непосредно се инволиварни во овој процес.
-Најискрено можам да ви кажам, со сите резерви кои ги имавме кон профилот на човеков кој сега е на таа позиција, сепак беше дадена шанса за некаква инклузивноста на овој процес, во кој мора да има инклузивност. Ова е буквало да се изразам така, плукање во лицето на оние кои му дале доверба и натаму да биде на таа позиција и веројатно под инструкции на некои други центри на моќ во нашата држава, да го кажува тоа што го кажува. Инаку тоа е без преседан да одите наспроти и министерот за надворешни работи и премиерот кои ви дале доверба да бидете на таа позиција, вели Пендаровски во интервјуто за емисијата 360 степени на Алсат М.