Турски државјанин добил тешки изгореници од струен удар во Аеродром

by fokus

Триесет и деветгодишен турски државјанин вчера се здобил со тешки изгореници во пределот на главата, со кои се здобил од струен удар, додека работел во зградата во Аеродром.

-На 19.01.2018 година во 09,00 часот од Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во СВР-Скопје било пријавено дека кај нив со возило на Итна медицинска помош бил донесен турскиот државјанин Х.Ј.(39) со привремен престој во Р.Македонија. Имено, додека Х.J. извршувал работи во зграда во општина Аеродром, од настанат струен удар се здобил со тешка телесна повреда (изгореници од трет степен во пределот на главата). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, а за настанот запознат бил и Државниот инспекторат за труд, информираат од МВР.

Поврзани новости