646
Претседателите на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и на Бугарија Румен Радев денеска телефонски разговараа за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на нашата држава за членство во Европската Унија.
– Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.
Шефовите на државите, како што се наведува во соопштението, разговарале и за можноста за остварување на посета на претседателот Пендаровски на Бугарија, кога ќе се создадат соодветни услови.