Македонецот во Виена бил убиен додека се движел по улица полна со кафулиња

by fokus

Меѓу жртвите во терористичкиот напад во центарот на Виена, што се случи во понеделникот вечерта, се и двајца странски државјани – Македонец и Германка, информира австриската полиција.

Според полицијата, жртвите на нападот се 39-годишен Австриец, 44-годишна Австријка, 21-годишен Македонец и 24-годишен Германец.

Македонецот бил случаен минувач, кој е убиен додека се движел по улиците на Бермудскиот Триаголник, дел од центарот на Виена познат по своите бројни кафулиња, пабови и барови, а Германката, која била келнерка, е убиена пред барот во кој работела.

Што се однесува до жртвите со австриско државјанство, 39-годишниот маж бил убиен пред ресторан за брза храна на Шведенплац, а 44-годишната жена во болница им подлегна на повредите здобиени при нападот.

Напаѓачот, идентификуван како Кујтим Фејзулај, роден во Австрија, но по потекло од Северна Македонија, беше ликвидиран од полицијата, откако преходно на улиците во центарот на Виена уби четири лица и им нанесе повреди на уште 23 други, на возраст од 21 до 43 години. Од таа бројка, 13 се здобиле со повреди од куршуми, а остантите се повредени при бегството од напаѓачот.

Повеќето повредени се Австријци, но меѓу нив има и државјани на Германија, Словачка, Луксембург, Авганистан и Босна и Херцеговина.

Поврзани новости