467
Стево Пендаровски и Васко Ковачевски повеќе не се пратеници откако Собранието денеска ги констатираше нивните оставки. На денешната седница парламентот констатираше и престанок на функцијата што ја извршуваше Самка Ибраимовски, министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите.
Ибраимовски претходно даде оставка и најави дека ќе се врати во пратеничките клупи.
Мандатот на Пендаровски му заврши порано бидејќи е поставен на функцијата национален координатор на Македонија за НАТО, додека Ковачевски ќе ја преземе директорската позиција во РЕК Битола.