635
Претседателот Стево Пендаровски смета дека треба да се преиспита одлуката за доделување на 10 милиони евра на политичките партии.
-Тоа се огромни пари. Тоа е неверојатно. Навистина мислам и да не е коронава, ние сме сиромашна држава, 10 милиони за политичките партии е срамно. Која било партија, колку и да добива тоа е прилично несразмерно, наспрема нашиот животен стандард – рече Пендаровски на ТВ 24.