Пендаровски побара одговор од владата како синот на Боро Малборо добил лиценца за марихуана

by Фокус

Претседателот на државата Стево Пендаровски побара образложение од владата зошто фирма чиј управител е синот на поранешниот градоначалник на струмичко Ново Село Боро Стојчев, осуден за шверц со цигари, добила лиценца за одгледување канабис за медицински цели.

-Ја видов таа уредба и да побарате образложение од Владата таа или слични такви зошто се сега баш донесени. Па плус прашање зошто на тој човек му се дадени, споменуван сега во медиумите како човек кој се бави со некаква недозволена трговија и шверц на цигари – рече Пендаровски во Отворено студио на ТВ 24.

Поврзани новости