Пендаровски: Големи се шансите за нови 30 дена вонредна состојба

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски смета дека ќе се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, со оглед на состојбите до денес. Сепак одлуката ќе се донесе во четврток на состанок на Советот за безбедност кога изминуваат првите 30 денови од прогласувањето на вонредната состојба.

-Шансите се извесни и големи да се прогласат нови 30 дена вонредна состојба бидејќи внатрешните состојби кои не ескалираат, но, не се значително редуцирани, се уште побаруваат ваков тип ангажман од сите надлежни институции и ваков тип на состојба. Првпат вонредна состојба прогласивме во 30 години независна држава меѓутоа првпат и во светот се случуваат некои работи поврзани со пандемија на вирусот. Така, ако денес ги имам тие информации што се од надлежните институции, ако денес ме прашувате за одлука таа ќе биде во насока да се прогласат нови 30 денови, истакна претседателот Стево Пендаровски од Тетово.

Поврзани новости