Георгиевски: Не е точно дека полицијата физички нападнала граѓани во Синѓелиќ!

by Fokus 11:06
11:06

По вчерашниот протест во Синѓелиќ, се огласи и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Како што истакна тој, негова должност и обврска било да ја смири целата настаната ситуација.

- Advertisements -

„Сакам да ја објаснам ситуација во Синѓелиќ за сите оние кои не ја разбраа до крај, или пак поради неинформираност не ја доловија вистината. Точно е дека во населеното место Синѓелиќ дојде со нарушување на полицискиот час од поголема група на граѓани. Јас како градоначалник самоиницијативно излегов на лице место откако дознав дека нешто се случува, што е и моја обврска, со една единствена цел, да ја смирам состојбата и да се врати се во нормала, без никакви дополнителни инциденти. Особено сега кога земјава и целиот свет се соочуваме со справување со корона вирус.

За да не се шират дезинформации, ве известувам дека вечерва три лица од страна на полицијата се однесени на информативен разговор во ПС Гази Баба. Исто така не е точно дека лицата биле физички нападнати од страна на полицијата, поради што и се собрала групата.

Како градоначалник излегов сам меѓу револтираните граѓани за смирување на состојбата. Тоа е моја должност и обврска. Откако се објаснивме жителите се разотидоа во своите домови.

Затоа апелирам до сите да не се шират непроверени или половични информации, кои можат да влијаат во нарушување на јавниот ред и мир или да внесат паника или бес кај граѓаните“, напиша Георгиевски на својот профил на Фејсбук.

Поврзани новости