381
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на денешната конвенција во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, ги повика присутните заедно да ја испеат македонската химна.
-Ќе им покажеме на сите оние кои не веруваат, дека за сето време работиме за Македонија. Сега ве повикувам сите заедно да ја испееме македонската химна и да покажеме дека не е забранета, им се обрати на присутните Пендаровски.