Пендаровски достави иницијатива за собирање потписи до ДИК

by Фокус

Иницијатива за собирање потписи за кандидатура за Претседател денеска е доставена до Државната изборна комисија од страна на актуелниот претседател Стево Пендаровски. Потписите, како што објави ДИК, ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на ДИК во цела држава.

Пендаровски на денешната прес-конференција ја објави својата кандидатура за втор мандат. Тој рече дека ја најавува својата граѓанска кандидатура за претседател на државата и ги повика сите граѓани од 3 март, недела, да му дадат поддршка со давање потписи.

-Во изминативе пет години покажав дека претседателот може да биде независен од било кои центри на политичка, или економска моќ во државата, вклучително и во однос на оние кои го поддржале на избори. Зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка. Без ниту една корупциска афера и ниту еден случај на непотизам или судир на интереси, поврзани со мене, со моето семејство, со моите роднини, пријатели, или најблиските соработници – истакна Пендаровски.

Поврзани новости