,,Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети, стратегии, ниту пак комуникациски услуги од домашни експерти”.
Ова е одговорот на претседателот Стево Пендаровски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.
-Така ќе биде и за време на претседателската кампања 2024, нема да се користат ниту странски, ниту домашни комуникациски експерти, ниту пак ќе се нарачуваат анкети.
Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ нека се насочат кон нивните сопствени стратези и анкетари и нека си ги прочитаат анкетите во кои очигледно стои дека во вториот круг победник на претседателските избори е Стево Пендаровски.
Александар Николоски најверојатно е последниот функционер од ДПМНЕ кој треба да разговара за мојата плата.
Нема поголема перверзија за криминал да обвинува вториот човек на партијата која со години е синоним за организиран криминал и чија сметка со години е блокирана, реагира претседателот Пендаровски.