Откако Државната изборна комисија денеска ќе ги објави конечните изборни резултати, Стево Пендаровски треба да добие уверение дека е избран за шеф на државата.
Утре, пак, Пендаровски ќе биде инаугуриран на седница во Собранието, на која ќе даде свечена изјава пред народните избраници, членовите на Владата, верските лидери, првите луѓе на армијата, дипломатскиот кор и гости од странство.
Досега, потврда за присуство на инаугурацијата на Пендаровски пристигнала од бугарскиот претседател Румен Радев, од албанскиот претседател Илир Мета и од косовскиот претседател Хашим Тачи.
Исто така, присутни ќе бидат и заменик премиерот на Турција и делегација од Словенија, со тоа што можно е нивната делегација ќе ја предводи лично претседателот Борут Пахор.
Откако официјално ќе почне неговиот претседателски мандат, првата посета што ќе ја оствари Пендаровски ќе биде на соседно Косово.