Претседателот Стево Пендаровски денеска се извини на македонската јавност, ако неговата изјава дека „ако не бил претседател, ќе се иселел од државата“.
Според него, не постои политичка партија или претседател кој комплетно ја спречил појавата на иселување од Македонија.
„Демографските трендови се слични во регионот. Ние треба да му се извиниме на македонскиот народ што не сме го спречиле иселувањето. Можеме да замислиме кога ќе правиме попис, колку ќе не пребројат. Ако за 30 години сме отишле надолу, ние се чудиме зошто младите се со такви размислувања. Јас лично се извинувам за лошиот вокабулар. Не постои ниту една политичка партија која може да се пофали со големи резултати во намалување на трендовите на иселувањето. Ниедна држава не го спречила комплетно иселувањето. Треба да дојдеме што поблиску до развиениот дел на континентот. Од друга страна, во овие шест месеци откако сум претседател, јас сум свесен дека можев повеќе да направам“, истакна Пендаровски.