Заев: Различните изјави на Мицкоски дома и во странство се несериозни и и нанесуваат штета на државата

by fokus

Премиерот Зоран Заев смета дека е нечесно и несериозно од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Договорото за добрососедство со Бугарија да дава едни изјави кога е во државата, а други кога е во странство, бидејќи смета дека тоа и нанесува штета на државата.

-Ние го видовме јавно сите. Тоа беше објавено јавно дека тој поддржува се што е добро во овој договор. Не знам зошто после се враќа дома и пак различни изјави. Тоа не е воопшто сериозно. Значи не е сериозно прво за дома, за граѓаните, потоа не е сериозно за соседите. Бугарија е наш пријател, потпишавме Договор за пријателство. Тој многу често договорот го класифицираше како капитулантски, како лош за државата, после отиде на средбата, тоа го потврди дури и пред камери, а и порано го има тоа потврдувано на вакви билатерални средби на ЕПП, за на крајот на денот повторно да го смени мислењето и да каже дека е против, рече Заев на новинарско прашање коментирајќи го бугарскиот европратеник Ковачев дека не добиле јасен одговор од Мицкоски дали партијата ќе го почитува Договорот за добоседство со Бугарија, наспроти претходните изјави дека дал поддршка на документот.

Тоа, додаде Заев, е многу несериозно, бидејќи вели, вака не се бара поддршка од пријатели за ЕУ, за НАТО, за да споделат искуство со ИПА фондови, да споделат искуство со други капацитети коишто ги има за да помогнат на државата.

-Нечесно е барем не пред своите граѓани да се прави тоа. За мене би било добро да каже слушајте тоа Заев го потпиша, тоа е така, готово е веќе, да одиме напред. Одговорните политичари тоа го прават. Ние имаме други политичари во регионот кои тоа го направиле, но вака неодговорно однесување носи штета врз државата, рече Заев додавајќи дека Мицкоски треба самиот да појасни.

Според него, самата снимка е доволен доказ дека Бугарија треба да не поддржува, да ни помага, како една од двете соседни земји членки на ЕУ и оти премиерот Борисов на нивната стедба во Солун не случајно изразил загриженост дали сите се про НАТО и ЕУ.

-И оттука побара дали тие договори кои се постигнати ги почитуваат сите и ги поддржуваат сите. И тоа е многу логично некој да го побара. Не е логично тоа што ни се случува еднаш поддржува, другпат не поддржува. Но на крајот снимката треба да биде сериозна потврда и  за нашиот пријател, пратеник во ЕП, Ковачев  којшто секако е загрижен дали и понатаму политиките коишто ги генерираат низ ЕП да бидат позитивни пријателски. Јас верувам дека ќе бидат позитивни и пријателски, рече Заев по потпишувањето на меморандум за соработка за реформи во правосудството во Владата.

Поврзани новости