Борбата со корупцијата во Македонија е повеќе присутна во политичките декларации отколку во реалноста, рече претседателот Стево Пенадровски во своето излагање на конференцијата „Општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите и пропагандата.
„ Корумпираните политичари се секогаш најмалку резистентни кон овие влијанија или пиради желбата за лесни пари или затоа што се уценети, а најчесто поради двете. Корупцијата на високите нивоа мора да има судска завршница за секој поединечен случај’, изјави претседателот.
Според претседателот следен чекор во борбата со дезинформациите е транспарентност во работата на органите на власта.
„Секое задскирвање зад превезот на така наречените државни интереси е неоправдано. Сите информации, освен оние од безбедносен карактер, треба да и бидат достапни на јавноста, затоа што вистината е најдоброто оружје против дезинформациите и лагите“, изјави Пендаровски.
За долгорочна отпорност кон дезинформациите според Пендаровски клучно е образованието, во кое мора да се вклучат содржини кои се однесуваат на медиумската писменост а препора во редовниот образовен процес да се воведе и политичко образование.
Тој рече дека нашиот најголем успех на надворешно политички план да го решиме спорот со Грција и да станеме членка на НАТО освен бенефитите носи и одговорност, бидејќи Македонија е и ќе бидеме мета на малигно влијание од надвор.
„Руската агресија на Украина создаде и пропаганден фронт на Балканот, бидејќи кога агресорот ја губи битката јасно е дека ќе отвори нов фронт за да си ја олесни состојбата. Не смеме да заборавиме дека зад проблемот со нашите евроинтеграции или за тензиите во Косово покрај објективните прашања и проблеми има голема количина на дезинформации кои се непријателско поттикнување“, рече Пендаровски/
Борбата со пропагандата и дезинформациите според претседателот во денешно време е отешната и поради карактеорот на социјалните мреѓи и интернетот. Според него социјалните мрежи и интернетот поради можноста за поголема поврзаност на луѓето може да бидат многу моќна алатка во рацете на оние кои решиле да ги злоупотребуваат.
„Социјалните мрежи не се ни дмократски, ни недемократски, туку се ефикасни алатки во зависност од тоа кој ги употребува или злоупотребува. За разлика од традиционалните медиуми со позната хиерархиски поставена уредувачка структура, социјалните мрежи и онлајн порталите што најчесто се поврзани, често се платформи на кои други субјекти објавуваат или имаат задскриена уредувачка структура“, рече Пенадровски.
Поради лесната достапност до порталите и социјалните мрежи, според претседателот, содржините објавени на нив брзо го окупираат вниманието на читателите и им создаваат лажна слика на кредибилни и точни информации.
„Поголемиот дел од нив се директно зависни од отворањата на интернет јасно е дека и без намера за пропагандистичко делување нивната техника на работење е доаѓање до што повеќе корисници најчесто преку сензационализам а на сметка на вистината. Помал дел од нив се финансираат од нелегални приливи на средства од центри на моќ со јасни цели. Треба да се разбере дека имаат моќ да бидат реална опасност за демократијата“, изјави Пендаровски.
Претседателот рече дека Македонија во овој глабален проблем е лесна цел поради слабата општествена и институционална отпорност кон дезинформациите и пропагандата.
„Она што е предност на демократските земји, е најголема слабост во време на внатрешна и надворешна поларизација“, рече Пендаровски.