Пендаровски: Ако немавме блокада од Бугарија и ВМРО, за неколку години ќе бевме членка на ЕУ

by Фокус

Пред жителите на Карпош вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски повтори дека бил и ќе остане претседател за сите. Ова, како што рече тој, за многумина е само фраза, но за него е животна филозофија.

Осврнувајќи се на неговата досегашна работа, Пендаровски рече дека стои зад секоја своја одлука бидејќи резултатите се видливи.

-Државата 4 години е членка на НАТО, најголемиот воен сојуз и загарантирана е нејзината безбедност – рече тој.

Во оваа насока, Пендаровски посочи и дека ако немавме надворешна блокада од Бугарија и внатрешна од ВМРО-ДПМНЕ, за неколку години земјата ќе беше полноправна членка и на ЕУ.

-Вечерва ја барам вашата поддршка, но и поддршката од вашите блиски. Да ги убедите дека Македонија припаѓа во развиениот свет, во развиена Македонија – рече тој и истакна дека од денеска има точно еден месец до почетокот на неговиот втор мандат.

Поврзани новости