Бајден до Иран: Немојте!

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден им рече на новинарите во Белата куќа дека очекува Иран да го нападне Израел „порано отколку подоцна“, пренесе Си-ен-ен.

-Не сакам да навлегувам во разузнавањето, но моите очекувања се дека ќе биде сега, а не подоцна – им рече Бајден на новинарите на прашањето колку е блиску иранскиот напад врз Израел.

Запрашан каква порака има сега за Иран, американскиот претседател рече: „Немојте“.

Како одговор на повеќе прашања од новинарите во просторијата, вклучително и дали американските војници се во опасност, Бајден се врати на говорницата и рече дека САД се „посветени“ на одбраната на Израел.

-Ние сме посветени на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел, ќе помогнеме да се одбрани Израел, а Иран нема да успее – рече Бајден.

САД се во состојба на висока готовност за значителен ирански одмазднички напад врз Израел во последниве денови, бидејќи стравувањата од поширока регионална војна растат.

Поврзани новости