644
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска имаше свое обраќање од Могилата на непобедените во Прилеп по повод празнување на Денот на востанието.
Како што истакна првиот човек на нашата република, фашизмот му дал право на посилниот брутално да владее со послабите.
„На 11-ти октомври 1941, борците на партизанскиот одред Гоце Делчев го означија почетокот на народното востание, како тогаш последна етапа на историскиот континуитет на борбата за слободна македонска држава. Можеме да бидеме сигурни дека ако не бевме дел од антифашистичката коалиција, денес немаше да имаме своја држава. Само како дел од неа, можевме да дојдеме до своја и сопствена држава, рече Пендаровски.